ДЕЈВИД БЕКАМ НА СКИЈАЊЕ СО ХАРПЕР Идиличен одмор на таткото и ќерката на француските Алпи

Поранешниот англиски фудбалер кој со месеци се соочува со голем семеен проблем поради својот оттуѓен син Бруклин, конечно најде начин да се опушти - замина на скијање со својата единствена ќерка, 14-годишната Харпер

58

Дејвид Бекам сподели серија фотографии на својот профил на Инстаграм од неговиот одмор со 14-годишната ќерка Харпер. Од фотографиите се гледа дека таткото и ќерката уживаат во идиличен скијачки одмор во скијачкиот центар Куршевел, на француските Алпи.

Тој ја истакна важноста на создавањето спомени со своите деца.






Неговата објава доаѓа додека е се уште актуелна семејната расправија поради затегнатиот однос со неговиот најстар син, 26-годишниот Бруклин.

Таткото и 14-годишната ќерка позираат за фотографиите на снег, скијаат и уживаат во топло чоколадо и ручек на планината.

– Создавањето спомени со децата, без разлика дали е тоа заедно или еден на еден, отсекогаш ми било важно. Оваа недела Харпер и јас создадовме уште неколку спомени. Те сакам прекрасна дамо – напиша Дејвид.

Инаку, за време на одморот, Бекам ѝ укажал помош на една скијачка која паднала и се здобила со повреда на главата. Тој ѝ помогнал на жената вадејќи ѝ ги скиите и проверувајќи ја нејзината состојба додека не пристигнала медицинска помош.

– Дејвид ја виде жената како ја удира главата и се загрижи за неа. Ѝ ги соблече скиите и се увери дека е добро – беше вистински господин. Дејвид беше неверојатно љубезен, како и скијачкиот водич со него – изјавил извор кој бил сведок на инцидентот.

Дејвид бил со својата ќерка Харпер во времето на падот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Поврзани содржини