СО НОЖ ГИ НАПАДНАЛ ДЕЦАТА, ПА НАПРАВИЛ ХАОС ВО СТАНИЦА Битолчанец заработи сериозни обвиненија
42-годишник од Битола се соочува со тешки обвиненија по инцидентот што се случил на 18 февруари.
42-годишен битолчанец заработи кривична пријава откако, според полицијата, со остри предмети ги нападнал своите две деца во семејниот дом, а потоа правел проблеми и во полициска станица.
Од СВР Битола информираат дека станува збор за В.Ф. (42), против кого се поднесени пријави за убиство во обид, загрозување на сигурноста и напад на службено лице.
Инцидентот се случил на 18 февруари во домот каде што живеат неговите деца. Според информациите, тој со остри предмети ги нападнал својот 21-годишен син и 16-годишната ќерка.
Ден подоцна, на 19 февруари, додека со него се водел службен разговор во Полициската станица Битола, осомничениот оштетил дел од инвентарот и нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава.