📷 ФОТКАТА ШТО ГИ ПРОМЕНИ ЕВРОПА И СВЕТОТ Кадарот од Каланчак е сведоштво за војната во Украина
Една од првите фотографии објавени по утринската инвазија на Русија врз Украина во 2022 година се однесуваше на граничниот пункт Каланчак, на југот од земјата. Надзорни камери фатиле граничар како бега од контролниот пункт.
Еден кадар од надзорна камера стана симбол на новата европска трагедија. Утринската тишина на 24 февруари 2022 година ја пресекоа ракети, а првите сцени од нападот не стигнаа преку телевизија, туку преку социјалните мрежи.
Една од првите фотографии што се прошири на тогашниот Твитер(сегашен Икс) се однесуваше на граничниот пункт Каланчак, на југот од земјата. Надзорни камери фатиле граничар како бега од контролниот пункт.
Според подоцнежните информации, тој и уште тројца граничари биле убиени набргу потоа.
The picture that Forever changed Europe… pic.twitter.com/eOAWRS1rDU
— OSINTdefender (@sentdefender) February 23, 2023
„Нападнатиот пункт Каланчак е нападнат. Украинските војници и цивили бегаат“, пишуваше во објавата што се појави веднаш по почетокот на инвазијата.
Неколку часа подоцна, украинската државна гранична служба објави видео од конвој руски воени возила. Снимката беше геолоцирана токму кај преминот Каланчак, помеѓу Украина и Крим.
Взори, руските сили лансираа ракети кон воени цели, командни центри и инфраструктура низ Украина. Колони се движеа од Белорусија кон Киев, од Русија кон Харков и Донбас и од Крим кон југот.
Тоа беше една од првите визуелни потврди дека започнала инвазија од големи размери. Многумина во Европа не веруваа дека војна од големи размери е можна во 21 век.
Војната во Европа влезе во својата петта година и крајот не се наѕира.