ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО СРБИЈА ИЗНЕСУВА 1.057 ЕВРА Вучиќ се пофали со историскиот потфат

За време на својот говор, по отворањето на изложбата „Нити државности“, српскиот претседател изјави дека на Србија ѝ недостасуваат занаетчии и работници во производствениот сектор, особено кај младите луѓе.

81

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека просечната плата во Србија во декември изнесувала 1.057 евра, објавија српските медиуми.

За време на својот говор, по отворањето на изложбата „Нити државности“, Вучиќ изјави дека на Србија ѝ недостасуваат занаетчии и работници во производствениот сектор, особено кај младите луѓе.






–  Сакам да ве информирам дека просечната плата во Србија во декември била 1.057 евра и дека со ова е постигнато нешто што никој досега не го постигнал во историјата, дека платите на српските граѓани се над 1.000 евра, значително над 1.000 евра – рече Вучиќ во Палатата на Србија.

Тој додаде дека Белград, Нови Сад и Бор имаат највисоки плати.

Поврзани содржини