КИНЕЗИТЕ ИСТИСНАТИ ОД ДВЕ ПРИСТАНИШТА ВО ПАНАМА Дипломатска победа на Трамп

Претседателот на Панама Хозе Раул Мулињо нареди двете пристаништа привремено да ги преземе данската логистичка компанија Маерск, до доделувањето нови концесии.

156

Панама вчера објави во својот службен весник одлука на Врховниот суд со која се поништуваат клучните пристанишни договори што ги поседува подружница на Си-Кеј Хачисон холдингс (CK Hutchison Holdings) со седиште во Хонг Конг, отворајќи го патот на данската компанија АПМ Терминалс (APM Terminals) привремено да го преземе управувањето.

Со тоа правно е поништена концесиите за терминалите Балбоа и Кристобал во близина на Панамскиот канал, кои повеќе од две децении ги управуваше компанијата „Панамски пристаништа“, подружница на Хачисон холдингс. Претседателот на Панама Хозе Раул Мулињо нареди привремено преземање на двете пристаништа.






Веста ја објави „Блумберг“ на платформата X, истакнувајќи дека одлуката е дел од пошироката владина стратегија за заострување на контролата врз клучната инфраструктура.

На почетокот на февруари претседателот Мулињо изјави дека владата ќе формализира договор со АПМ Терминалс, подружница на данската бродска компанија Маерск (Maersk) за управување и контрола на пристаништето откако одлуката ќе стане правно обврзувачка. Мулињо изјави дека таквото решение ќе биде на сила сè додека државата не развие нова долгорочна рамка за концесија што ќе биде доделена подоцна.

Одлуката, донесена кон крајот на јануари, доаѓа во време на растечко соперништво меѓу САД и Кина околу глобалните трговски патишта и претставува дипломатска победа за Вашингтон.

Американскиот претседател Доналд Трамп се залагаше за ограничување на кинеското влијание врз Панамскиот канал, низ кој поминуваат околу пет проценти од светската поморска трговија.

Компанијата „Си-Кеј Хачисон“ објави дека покренала арбитражна постапка против Панама, а Кина се закани дека „Панама ќе плати висока цена“ поради ваквата одлука.

 

Поврзани содржини