🎥 ЛУНА ПАРКОТ ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ДО ЈУНИ СЛЕДНАТА ГОДИНА Летово ќе стасаат нови автобуси за ЈСП и камиони за „Комунална хигиена“

Гградоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски ги најави капиталните проекти за следниот период, меѓу кои булеварот Борис Трајковски, булеварот Македонија, мостот на улицата Љубљанска и други.

154

Новиот забавен парк ќе биде отворен за посетителите во јуни следната година, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Летово се очекува да пристигнат новите камиони за јавното претпријатие „Комунална хигина“.






Градоначалникот Ѓорѓиевски ги најави капиталните проекти за следниот период, меѓу кои булеварот Борис Трајковски, булеварот Македонија, мостот на улицата Љубљанска и други.

Рече дека е убеден оти до јуни – јули ќе пристигне првата пратка од стоте автобуси за главниот град.

– Автобуси требаше да имаме во март, но тендерот пропадна. Јас не се плашам да се извинам ако згрешам со проценките. Сега, наместо 80 ќе бидат набавени 100. Најголем дел од нив ќе стигнат оваа година – рече Ѓорѓиевски во гостување на Сител.

Тој потсети дека има владина одлука за набавка на нови автобуси и земајќи ја предвид и вклученоста на премиерот во овој процес, како што рече, убеден е дека оваа година ќе пристигнат новите автобуси.

– Дали ќе стигнат сите 100автобуси, не сум убеден во тоа, но дека ќе пристигнат автобуси кои сериозно, драматично ќе ги подобрат состојбите и голготата низ која долги години поминуваат нашите сограѓани, ќе стигнат – рече Ѓорѓиевски и додаде дека секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт на централно ниво, тогаш се обновува флотата на автобуси на ЈСП.

Истакна дека е убеден оти процесот е во финална фаза и дека ќе биде распишана тендерската постапка.

– Убеден сум дека до јуни или јули би пристигнала првата пратка автобуси, но тоа не зависи само од мене. Чесно ќе кажам, убеден сум дека Владата ќе обезбеди 100 автобуси за граѓаните, она што ни беше ветено. За динамиката ќе треба да се утврди и да се координира со нив – нагласи градоначалникот.

Тој истакна дека од моментот кога стапил на градоначалничката позиција од 157 автобуси уште 30 се ставени дополнително во функција. Додад дека станува збор за автобуси кои се во сопственост на ЈСП, а многу од нив не сообраќале поради ситни поправки.

Ѓорѓиевски рече дека по 100 дена на оваа позиција, кои неодамна ги одбележа, во моментов се соочува со повеќе предизвици.

– Би бил неискрен ако кажам дека дојдов и за 100 дена решивме сè. Јас не сум 100 месеци градоначалник, туку 3 месеци и неколку дена. За релативно краток период постигнавме сериозен успех. За релативно кратко време имаме 40 милиони евра вратени долгови на јавните претпријатија и на Градот, нешто што не паметам дека некој го направил во минатото – рече градоначалникот.

Тој посочи дека кога дошол на функцијата биле закочени процесите во повеќе области, како Скопје европска престолнина на културата 2028, пречистителната станица, на која, како што рече, сега се работи со сериозен прогрес и досега има над 30 отсто реализација.

За „Комуналната хигиена“ рече дека кога стапил на функцијата таму имало 16 исправни комунални возила, а денес има 57. Додаде дека сè уште има пропусти, бидејќи станува збор за стара механизација и тоа ќе биде се додека не пристигне новата.

За БРТ проектот постапките на терен ќе започнат во 2027 година, а до крајот на неговиот мандат најави и дека Скопјани ќе ја добијат првата подземна сообраќајница кај Лимак.

За подобрување на квалитетот на воздухот, а во тој контекст и одлуката на Градот Скопје за дислокација на УСЈЕ, нагласи дека треба да има строги контроли и иако тоа не е надлежност на Градот, додаде дека никој не го спречува, во координација со Министерството за животна средина, да ги спроведуваат.

– Она што во моментов треба да биде и наша интенција и на Владата, драго ми е што и претседателот на Владата го поддржа тој процес, е дека на долг рок мора да работиме кон тоа сите потенцијални загадувачи, односно целата потешка индустрија да се отстрани од централното градско подрачје. За мене успешен мандат ќе биде ако до крајот на мојот мандат успееме да почнеме со тој процес. Знам дека станува збор за приватна сопственост, знам дека имаат аргументи и од другата страна, не е само Усје кој треба да се споменува на оваа тема, има уште неколку слични локации во град Скопје – рече Ѓорѓиевски и додаде дека таму треба да се најде алтернативен начин за загревање и за производство.

Поврзани содржини