АРТАН ГРУБИ СИ ОТИДЕ ДОМА Судот му определи куќен притвор, на барање на Обвинителството

Дополнително определена е и мерка за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање друг документ за преминување на државната граница, соопшти Кривичниот суд.

313

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по произнесување на осомничениот Артан Груби, кој вечерва беше спроведен во судот, донесе решение со кое го прифати предлогот на јавниот обвинител и на одбраната за определување мерка куќен притвор, со дополнителни мерки за обезбедување присуство, соопшти Судот.

„Имено, откако утрово КПУ затвор Скопје- Скопје, го извести судот дека осомничениот А.Г. од 9.20 часот е спроведен во установата каде што почнал со издржување на мерката притвор, определена со решение од 17.12.2024 година, а стапува на сила од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, судот за истото го извести Основното јавно обвинителство и по нивно барање издаде наредба за спровод на осомничениот пред јавен обвинител за негово сослушување. Воедно во текот на денот, одбраната на осомничениот, до судот достави предлог за замена на мерката притвор со куќен притвор, кој предлог е проследен до надлежното јавно обвинителство, за да се произнесе по истиот“, соопшти Кривичниот суд.






Со оглед на фактот дека Јавното обвинителство ја води истрагата и согласно законските овластувања оценува која мерка е соодветна и доволна за непречено водење на истрагата, обвинителството до судот писмено достави позитивно мислење, а воедно на самата расправа за сослушување и јавен обвинител предложи определување поблага мерка за обезбедување од претходно определената, се додава во соопштението.

„Врз основа на сето тоа судот го сослуша осомничениот во присуство на негов бранител и донесе решение за замена на мерката притвор со мерка куќен притвор со 24 часовен надзор, кој што е доверен на Министерството за внатрешни работи. Дополнително определена е и мерка за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање друг документ за преминување на државната граница“, соопшти Судот.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

🎥 ЗАВРШИ РАСПИТОТ НА ГРУБИ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО Изведен е пред судија на претходна постапка

Поврзани содржини