СРПСКИ ДРЖАВЈАНИН УАПСЕН КАЈ ГЕВГЕЛИЈА Се обидел да прошверцува 6 мигранти

Во неговото возило биле пронајдени шест лица мигранти, петмина од Египет и едно лице од Палестина.

100

На автопатот Гевгелија – Скопје, на место викано „Авлаќот“ кај Гевгелија, ноќеска после полноќ полициски службеници го уапсија М.П.(30) од Република Србија, откако во неговото возило откриле мигранти.

„Полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел астра“ со српски национални ознаки, кое го управувал М.П.(30), српски државјанин, при што биле пронајдени шест лица мигранти, од кои пет лица од Египет и едно лице од Палестина. Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Гевгелија за понатамошна постапка, додека мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија“ – информира МВР.






За настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во информацијата.

Поврзани содржини