500 ПАТНИЦИ ЈА ПОМИНАЛЕ НОЌТА ВО АВИОНИТЕ? Снегот ги парализира аеродромите во Германија
Патниците не можеле да се вратат на терминалот поради недостиг на автобуси и паркинг места, а потоа биле принудени да останат во авионите преку ноќ, заедно со членовите на екипажите.
Околу 500 патници биле принудени да преноќат во авиони на аеродромот во Минхен среде зима, соопшти денеска портпарол на германскиот авиопревозник Луфтханза.
Патниците веќе се качиле на своите летови, закажани за четврток навечер, кога биле откажани поради обилни снежни врнежи, пренесува ДПА.
Патниците не можеле да се вратат на терминалот поради недостиг на автобуси и паркинг места, а потоа биле принудени да останат во авионите преку ноќ, заедно со членовите на екипажите.
Во авионите паркирани на аеродромската писта преспале патниците на три лета на Луфтханза до Сингапур, Копенхаген и Гдањск, како и на Ер Доломити до Грац и Венеција.
Аеродромските власти во Минхен досега официјално не излегоа со објаснување зошто немало достапни возила, туку само изразија жалење за „предизвиканите непријатности“.