АМЕРИКАНСКИ ЛОВЦИ ПРЕСРЕТНАЛЕ ПЕТ РУСКИ АВИОНИ КАЈ АЛЈАСКА Руските авиони не влегле во воздушниот простор на САД
Ваквите зони започнуваат таму каде што завршува суверениот воздушен простор. Иако станува збор за меѓународен воздушен простор, од сите авиони се бара да се идентификуваат кога влегуваат во таква зона во интерес на националната безбедност, соопшти НОРАД.
Северната команда за воздушна одбрана на САД (НОРАД) соопшти дека вчера испратила воени авиони за да пресретнат пет руски авиони што летале во меѓународниот воздушен простор крај западниот брег на Алјаска, нагласувајќи дека руските авиони не биле непосредна закана.
Командата соопшти дека забележала и следела два руски бомбардера Ту-95, два борбени авиона Су-35 и еден шпионски авион А-50 што летале во близина на Беринговиот Проток.
Како одговор, НОРАД испратила два авиона Ф-16, два Ф-35, еден Е-3 и четири авиони танкери КЦ-135 за да ги пресретнат, идентификуваат и да придружуваат руските авиони надвор од тој воздушен простор.
– Руските воени авиони останале во меѓународниот воздушен простор и не влегле во суверениот воздушен простор на САД или Канада, соопшти НОРАД. Исто така, се нагласува дека таквата активност „се случува редовно и не се смета за закана“.
Руските авиони биле во област во близина на Беринговиот Проток, тесен воден пат од 80 километри што ги раздвојува Тихиот и Арктичкиот океан и се нарекува Зона за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска.
Ваквите зони започнуваат таму каде што завршува суверениот воздушен простор. Иако станува збор за меѓународен воздушен простор, од сите авиони се бара да се идентификуваат кога влегуваат во таква зона во интерес на националната безбедност, соопшти НОРАД.
Седиштето на НОРАД е во воздухопловната база Петерсон во Колорадо, но неговите операции во Алјаска се наоѓаат во заедничката база Елмендорф-Ричардсон во Анкориџ.