ТРАМП ВОВЕДЕ НОВА ГЛОБАЛНА ЦАРИНА ОД 10% Остануваат и многу од постоечките царини

Овој потег ќе му овозможи на Трамп повторно да ги воведе своите глобални основни царини на 150 дена, а за продолжување на тој рок, ќе му треба одобрение од Конгресот.

36

Доналд Трамп објави дека воведува нова глобална царина од 10% по денешната одлука на Врховниот суд на САД, кој поништи голем дел од претходно воведените царини. Судот пресуди дека Трамп немал овластување да воведе царини врз основа на Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни ситуации од 1977 година.

Тој потоа кажа дека ќе задржи многу од постоечките царини и најави нови царини според друг закон.






– Веднаш стапуваат во сила сите царини за национална безбедност според Член 232 и остануваат царините според Член 301. Тие постојат и остануваат во сила со полн ефект. Денеска ќе потпишам извршна наредба за воведување глобална царина од 10 проценти според Член 122, покрај нашите вообичаени царини што веќе се наплаќаат. Исто така, започнуваме неколку истраги за да ја заштитиме нашата земја од нефер трговски практики на други земји и компании – рече Трамп.

Овој потег ќе му овозможи на Трамп повторно да ги воведе своите глобални основни царини на 150 дена, а за продолжување на тој рок, ќе му треба одобрение од Конгресот.

Трамп кажа дека е разочаран од пресудата на Врховниот суд и дека одредени негови членови немале храброст да го направат она што е исправно за земјата. Пресудата беше донесена со 6-3 во гласови.

Поврзани содржини