ТРАМП И ИНФАНТИНО ЌЕ ГРАДАТ СТАДИОН ВО ГАЗА Идеја презентирана на Одборот за мир
Одредени држави ветија вкупно седум милијарди долари помош за обнова на Газа, а одредени држави ќе учествуваат и армиски сили за стабилизација на состојбата.
Светската фудбалска федерација ФИФА вети дека ќе вложи 50 милиони долари во изградба Национален стадион, а уште дополнителни средства и за други фудбалски терени (како на пример 15 милиони долари за ФИФА академија). ФИФА на овој чекор се решава бидејќи регионот се соочува со разорена инфраструктура по двегодишната војна.
Оваа идеја беше презентирана на вчерашниот прв состанок на Одборот за мир одржан во Вашингтон.
Одредени држави ветија вкупно седум милијарди долари помош за обнова на Газа, а одредени држави ќе учествуваат и армиски сили за стабилизација на состојбата.
Според претседателот на ФИФА, Џани Инфантино стадионот би бил со капацитет меѓу 20.000 и 25.000 седишта.
Газа нема своја фудбалска репрезентација, но палестинскиот национален тим кој го претставува и Западниот брег е член на ФИФА од 1998 година.
Претседателот на ФИФА Инфантино во последниоте месеци често е во посети на САД во пресрет на Светското првенство што ќе се одржи оваа година во САД, Мексико и Канада, а имаше и чести состаноци со американскиот претседател Доналд Трамп.