🎥 СЕВЕРИНА СО ЕМОТИВНО ВИДЕО ЗА РОДЕНДЕНОТ НА СИНОТ Среќен 14-ти роденден сине мој!

Севе му посвети емотивно видео на својот син во кое откри некои од нивните никогаш досега видени заеднички моменти!

70

Северина го одбележа роденденот на својот син Александар на Инстаграм со емотивна објава која ги трогна нејзините следбеници.

Пејачката сподели видео кое ги откри нивните никогаш досега видени заеднички спомени, а сето тоа го придружи со нејзината песна „Rođeno moje“, која има посебно место во нејзиното срце.






– Четиринаесет години… откако го зеде првиот здив и за прв пат сфатив колку срцето може да сака. Поминав низ бури само за да те прегрнам и низ тишини во кои одѕвонуваше само твоето име. И би го направила сето тоа одново. Кога беше напишана оваа песна, ти не го познаваше светот толку добро како јас… И се надевам дека никогаш и нема… Среќен 14-ти роденден, сине мој… – напиша емотивната Северина во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Поврзани содржини