СО СЕКИРА ТРГНАЛ ДА ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ СИН Приведениот 41-годишен битолчанец дивеел и во полициска станица

Осомничениот, откако бил приведен, станал агресивен и кон полициските службеници.

236

41-годишен битолчанец е приведен откако со секира го нападнал сопствениот син, а потоа направил инцидент и во полициска станица.

Според информациите од полицијата, на 19 февруари околу 11:15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ф.В.(41) од Битола поради сомнение за „убиство во обид“ и „загрозување на сигурноста“.






Инцидентот се случил ден претходно, на 18 февруари, кога осомничениот физички го нападнал својот син и при тоа употребил и секира.

Од МВР информираат дека додека со него се водел службен разговор во Полициската станица Битола, тој повторно станал агресивен, нападнал полициски службеници и оштетил дел од инвентарот во станицата.

За случајот е известен јавен обвинител, а по негово целосно документирање против осомничениот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини