📽️ КОСОВО, СРБИЈА, АЈДЕ СТАНЕТЕ Сцена како од училница на состанокот за Одборот за мир

Претседателот на САД ги повика Косово и Србија сами да ги решаваат споровите. Говорејќи на првиот состанок на Одборот за мир порача дека САД ќе се вклучат ако двете страни не најдат договор.

573

Сцена како од училница ја одбележа првата седница на Одборот за мир во Вашингтон. Шефот на САД Доналд Трамп ги прозва Косово и Србија и ги повика да станат.

Одборот за мир треба иницијално да го реши конфликтот во Газа, но неговиот мандат е замислен како тело за решавање разни меѓународни спорови.






– Косово, Србија. Јас го направив тоа. Можете ли да станете, ако некој од вас е тука? Само станете за момент. Косово, Србија, станете! Ви благодарам многу! Го цениме тоа! Толку добро, а вие се согласувате. И кога не се согласувате, ме викате и ние ќе го решиме, нели? Ќе го решиме – рече Трамп.

Претседателката на привремените приштински институции, Вјоса Османи, стана од своето место кога беше прозвана. Србија, пак, не е дел од Одборот за мир.

 

Трамп порача дека Косово и Србија треба сами да ги решаваат своите проблеми. Додаде дека, ако не можат, САД ќе интервенираат.

Претседателот повторно ги спомена Косово и Србија и на Светскиот економски форум во Давос пред еден месец. Тогаш зборуваше за конфликтите што, според него, ги завршил.

– Како што знаете, завршив осум војни. Ерменија и Азербејџан, Камбоџа и Тајланд, Србија и Косово, Израел и Иран, Израел и Хамас во Газа, Индија и Пакистан, Конго и Руанда, Египет и Етиопија – изјави Трамп тогаш.

Одборот за мир, формиран по негова иницијатива, ја одржа првата седница во Вашингтон.

Медиумите денеска објавија дека дел од договорот за Газа на Одборот предвидува меѓународна мисија од 5.000 војници кои би го чувале мирот на Блискиот Исток.

Одборот, според досегашните информации, го предводи Трамп како политички иницијатор и главен покровител, додека неговиот зет Џаред Кушнер се спомнува како лице со значајна оперативна и советничка улога, особено во делот за Блискиот Исток и Газа. Во процесите учествуваат и американски дипломатски и безбедносни претставници поврзани со Советот за национална безбедност, Стејт департментот и Пентагон, како и претставници од државите кои потпишале повелба за приклучување.

Поврзани содржини