ИТАЛИЈАНЕЦ ЗАПРЕН СО ПИШТОЛ И КУП МУНИЦИЈА Неочекуван улов на Табановце, возачот приведен

Граничната полиција при контрола на возило откри пиштол, муниција и осум импровизирани направи.

87

Италијански државјанин е приведен на Граничниот премин Табановце откако полицијата во неговото возило открила оружје, муниција и импровизирани направи.

Како што информира Министерство за внатрешни работи, на 19 февруари околу 13:30 часот, при влез во државата бил запрен С.В. (45) од Италија, кој управувал автомобил со италијански регистарски ознаки.






При проверка на возилото пронајдени се и одземени осум импровизирани направи со игла за активирање на непозната муниција, пиштол калибар 22, шест кутивчиња со по 100 парчиња муниција, едно кутивче со 200 парчиња муниција, едно кутивче со 60 парчиња муниција и други предмети.

Од МВР велат дека по наредба на јавен обвинител, осомничениот е задржан во полициска станица.

– По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од полицијата.

Истрагата за случајот е во тек.

Поврзани содржини