ПРОСЕЧНАТА НЕТО-ПЛАТА ИЗНЕСУВА 46.889 ДЕНАРИ Највисоки се платите во ИТ сектор, а најниски во угостителството
Просечната нето плата за една година пораснала за 7,6%.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2025 година, изнесува 46.889 денари и бележи годишен раст од 7,6%. Реално растот изнесува 3,3%.
Според Државниот завод за статистика, годишниот раст на нето-платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање за 13,4 %, земјоделство, шумарство и рибарство за 10,9 % и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и образование 9,7 %.
На месечна основа декември- ноември просечната нето плата е зголемена за 2%
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: транспорт и складирање за 12,8 %, рударство и вадење на камен за 9 % и градежништво за 7 %.
И натаму на највисоки плати се исплатени во ИТ секторот каде што просекот изнесува 85.962 денари, а најниски плати се исплатени во угостителството од 33.179 денари.