📽️ НОВ ПАТ КОН МАНАСТИР ПЕЛЕНИЦА Реконструкција и тротоар за поголема безбедност на возачи и пешаци

Заврши рехабилитацијата на патот кон Манастир Пеленица. Нов коловоз и тротоар ја зголемуваат безбедноста на возачи и пешаци и ја подобруваат пристапноста до манастирскиот комплекс.

476

Заврши проектот за реконструкција на коловозот и изградба на тротоар на патот кон Манастир Пеленица, што значително го подобрува пристапот до манастирскиот комплекс и ја зголемува безбедноста за возачите и пешаците. Информацијата денеска ја објави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

„Со завршувањето на овој зафат е обновена коловозната конструкција и изграден нов тротоар, со што се обезбедува побезбедно и пофункционално движење за возилата и пешаците. Инвестицијата од 29.320.330 денари придонесе за модерна и одржлива патна инфраструктура, подобрена пристапност до манастирскиот комплекс и повисоко ниво на безбедност за посетителите и локалното население“, напиша Мицкоски на Фејсбук.






Проектот вклучува комплетна рехабилитација на патот, обновување на оштетените делови од коловозот, како и поставување на нов тротоар кој ќе овозможи безбедно движење на пешаците. Иницијативата е дел од пошироката програма за модернизација на патната инфраструктура, со цел подобрување на безбедноста и пристапноста до верски и културни локалитети во земјата.

Покрај зголемувањето на безбедноста, рехабилитацијата на патот ќе овозможи побрз и полесен пристап за туристите и локалното население, а инвестицискиот зафат е дел од стратегијата за развој на регионалната патна мрежа.

Поврзани содржини