📽️ ЌЕ ГО ПАМЕТИМЕ АПСЕЊЕТO ПО ИЗРАЗОТ НА ЛИЦЕТО НА ЕНДРУ Би-Би-Си ја коментира сликата на шокираниот принц
Шокираното лице на принцот Ендру зад стаклото на автомобилот стана симбол на апсењето.
Изразот на лицето на принцот Ендру кој во шок зад затемнето стакло бил пронајден во неговиот автомобил ќе го следи неговото апсење, пишува Би-Би-Си. Британскиот медиум објави фотка од аспењето велејќи дека братот на Кралот Чарлс, Еднру Маунтбатен-Виндзор во полициската кола бил згрчен на задното седиште со стиснати прсти и крената јака oд палтото.
Поранешниот принц стана првиот висок член на британското кралско семејство во модерната историја што беше уапсен под сомневња дека ја злоупотребил положбата ккога бил трговски претставник на Велика Британија од 2001 до 2011 година.
Ендру беше пуштен од краткиот притвор додека истрагата продолжува.
Обвиненијата се поврзани со неговите контакти со Џефри Епстин. Во досиејата се наведува дека Ендру споделувал официјални документи и брифинзи, вклучително и информации поврзани со инвестиции во Авганистан.
Неговото шокирано лице веќе се споредува со друга фотографија. Таа е стара речиси 25 години. Насмеан, самоуверен принц, покрај 17-годишната Вирџинија Џуфре во лондонска градска куќа.