ГРЧКИТЕ СТОЧАРИ ИМААТ ОГРОМНИ ШТЕТИ ОД БОЛЕСТА СИПАНИЦИ КАЈ ОВЦИТЕ Речиси 500.000 овци се усмртени подари болеста

Ставот на грчката Влада е дека вакцинацијата не е решение, ниту пак е дел од владиниот план за справување со сипаниците кај овците и козите, а единствената опција е строга имплементација на мерките за биолошка безбедност.

27

Речиси половина милион овци и кози, односно 479.821 биле умртвени во Грција во периодот од август 2024 до 15 февруари годинава поради сипаниците, според официјалните податоци од Министерството за земјоделство и Националната научна комисија за управување и контрола на сипаници кај овци и кози, јави дописничката на МИА од Атина.

Од надлежното Министерство информираа дека во конкретниот период биле потврдени вкупно 2.015 случаи во 2.610 сточарски фарми.






Во однос на новите случаи, од 9 до 15 февруари, биле регистрирани 11, во седум региони.

„Почитувањето на мерките за биолошка безбедност останува клучно за ограничување на болеста. Одгледувачите мора доследно да ги следат упатствата на ветеринарните служби и предвидените протоколи“, соопштија од Министерството за земјоделство на Грција.

Додадоа дека податоците за текот на болеста континуирано се ажурираат врз основа на информациите од регионалните единици и редовно ќе се објавуваат со цел целосно и навремено информирање на производителите и јавноста.

Ставот на грчката Влада е дека вакцинацијата не е решение, ниту пак е дел од владиниот план за справување со сипаниците кај овците и козите, а единствената опција е строга имплементација на мерките за биолошка безбедност.

За конкретната тема грчкиот премиер пред десет дена одржа средба со претставници на сточарите и посочи дека приоритет е дефинитивното искоренување на болеста.

Од друга страна, сточарите, кои заедно со земјоделците протестираа и во декември и јануари и пред една седмица во Атина, бараат итни мерки и решенија за сипаниците кај овците и козите.

Поврзани содржини