ПИЈАН ПРАВЕЛ ХАОС ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА ВО КИСЕЛА ВОДА Приведен 61-годишен скопјанец со 2,90 промили алкохол

Полицијата приведе 61-годишен скопјанец кој агресивно се однесувал во обложувалница во Кисела Вода. Кај него биле измерени 2,90 промили алкохол во крвта.

102

Шеесет и едногодишен скопјанец заврши во полициска станица откако агресивно се однесувал во спортска обложувалница во Кисела Вода и им се спротивставувал на полицајците.

Инцидентот се случил на 18 февруари околу 15:50 часот, кога полициски службеници го привеле С.П. (61) од Скопје. Според информациите од полицијата, тој прво бил агресивен кон вработените во обложувалницата, а потоа и кон полицајците кои постапувале на терен.






При преземањето на мерките било утврдено дека мажот бил под силно дејство на алкохол, измерени му биле дури 2,90 промили во крвта.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини