МУ БАРАЛЕ ПАРИ, ПА ГО НАПАДНАЛЕ Приведени тројца Суданци во Кисела Вода
Тројца државјани на Судан се уапсени во Кисела Вода откако, според пријавата, барале пари и физички нападнале 27-годишен скопјанец.
Тројца државјани на Судан се уапсени ноќеска во скопската населба Кисела Вода откако, според пријавата, побарале пари од 27-годишен скопјанец и физички го нападнале.
Инцидентот бил пријавен во полиција, по што полициски службеници од СВР Скопје во 02:45 часот ги лишиле од слобода И.Ш. (20), А.Г. (19) и Х.С. (20), сите од Судан. Според пријавата на оштетениот, нападот се случувал во периодот меѓу 01:30 и 02:30 часот на подрачјето на Кисела Вода.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.