ИТНО, ВО РОК ОД НЕКОЛКУ ЧАСА НАПУШТЕТЕ ГО ИРАН Драматичен апел од премиерот Туск до Полјаците

Можноста за избувнување на конфликт е многу реална. За неколку часа или за неколку десетици часа, евакуацијата повеќе нема да биде опција, предупреди премиерот на Полска, Доналд Туск.

418

Премиерот на Полска, Доналд Туск денеска ги повика Полјаците во ниту еден случај да не патуваат во Иран, а тие што се таму под итно да заминат од Исламската Република, бидејќи многу е реално дека ќе избие конфликт.

– Не сакам никого да плашам, но сите знаеме за што зборувам. Можноста за избувнување на конфликт е многу реална. За неколку часа или за неколку десетици часа, евакуацијата повеќе нема да биде опција. Ве молам, сфатете го ова сериозно. Претходните искуства покажуваат дека некои ги игнорираа ваквите апели – посочи Туск, кој заедно со министерот за одбрана присуствуваше на тестирањето на нови вооружени системи во градот Желонка.






И полското Министерство за надворешни работи упати апел до Полјаците итно, за неколку часа да го напуштат Иран. На полските државјани кои долго време живеат и работат во Исламската Република им се препорачува да избегнуваат собири и протести.

Поврзани содржини