ВОВЕДЕНИ СЕ 23 НОВИ ДИРЕКТНИ ЛЕТОВИ ОД АЕРОДРМОИТЕ Годинава се очекуваат повеќе од 4 милиони патници

Министерот за транспорт вели дека тоа покажува дека даде резултат владината политика на привлекување  нови авиолинии и авиокомпании.

101

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа година скопскиот аеродром очекувам да биде лидер во регионот со раст и да надминеме 4 милиони патници, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, коментирајќи ги владините политики во авиосообраќајот.

Тој вели дека тоа покажува дека даде резултат владината политика на привлекување  нови авиолинии и авиокомпании, имајќи предвид дека Македонија нема излез на море и аеродромите се наш единствен излез и тука да доаѓаат повеќе туристи и повеќе луѓе за бизнис и можност македонските граѓани да патуваат.






– Она што сум горд е дека од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови односно авиолинии, последни се овие кон Алгеро- Сардинија и Палермо-Сицилија. Она што ми е драго е што двата аеродорми, охридскиот и скопскиот поминаа 3,5 милиони патници. Ако видите дека Македонија е 1,8 милиони, тогаш јасно е дека далеку е над бројот на население што го имаме и ако некои спинуваа, оваа година скопскиот аеродром ќе биде лидер со раст во регионот на поранешна Југославија што е гордост, имајќи предвид дека и Загреб и Сараево и Белград се поголеми како градови од Скопје што е додадена вредност – вели Николоски.

Тој додаде дека се започнати директни разговори со Саудиска Арабија за воспоставување на воздушен сообраќај меѓу двете земји што дополнително ќе се прошири мрежата на летови за Македонија.

– Очекувам и од таму да објавиме директни летови до скопскиот и охридскиот аеродром и ќе продолжиме со оваа политика на стимулирање на авиолинии. Очекувам оваа година да поминеме 4 милиони патници што ќе е апсолутен рекорд- рече Николоски.

Поврзани содржини