ГЕРМАНИЈА ОДБИ 18.000 РАБОТНИЦИ ОД БАЛКАНОТ Еве која е причината

Една  четвртина од работниците кои подлежат на придонеси за социјално осигурување со дозвола за престој или престој врз основа на вработување доаѓаат од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора или Србија.

251

Во декември лани германската Агенција за вработување морала да отфрли околу 18.000 барања на работници од Балканот бидејќи квотата за вработување на странци била надмината.

Германија последните години воведе низа олеснувања за вработување на странци и двојно ја зголеми годишната квота за дозволи на пазарот на трудот на 50.000 со што побарувачката значително ја надмина понудата.






Според податоците од Агенцијата за вработување, во јуни лани, 420.000 работници кои се обврзани да плаќаат придонеси за социјално осигурување имале престој или дозвола за престој во Германија врз основа на нивното вработување. Околу половина од нив дошле во Германија со сина карта од ЕУ, пишува Fenix magazin.

Моментално, повеќе од  164.000 работници кои се обврзани да плаќаат придонеси за социјално осигурување и доаѓаат од земја надвор од ЕУ имаат сина карта. Во споредба со 2020 година, ова претставува зголемување од 114%.

Една  четвртина од работниците кои подлежат на придонеси за социјално осигурување со дозвола за престој или престој врз основа на вработување во Германија доаѓаат од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора или Србија.

Тие подлежат на Регулативата за Западен Балкан, која им овозможува на квалификуваните работници и другите работници од тие земји да најдат работа во Германија. Оваа регулатива е во сила од 2016 година.

Поврзани содржини