ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена вежба на македонската и на белгиската армија

При извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција, информира СВР Охрид.

280

СВР Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат припадниците на македонската и на белгиската армијата.

„При извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција поради што, апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при нивното извршување како и придржување до насоките на униформираните службени лица задолжени за безбедноста на подрачјето“ – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Поврзани содржини