ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по него

Потрагата започна вчера откако семејството упати јавен апел за помош, наведувајќи дека му се губи секаква трага од претходниот ден, околу 14 часот.

3,392

Во кругот на Градската општа болница-Прилеп денеска попладне околу 16 часот пронајдено е безживотното тело на В.И. (40) од Прилеп, информира МВР врз основа на пријава до СВР Битола.

Од Итната медицинска помош била констатирана смрт, а за настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција.






Претходно Виктор Илиоски од Прилеп беше прогласен за исчезнат, откако на 15 февруари во 16:15 часот во ОВР Прилеп, неговиот татко Д.И. (69) од Прилеп пријавил дека неговиот син се оддалечил од домот.

Потрагата започна откако семејството претходно упати јавен апел за помош, наведувајќи дека му се губи секаква трага од претходниот ден, околу 14 часот, кога последен пат бил виден. Случајот предизвика големо внимание во јавноста.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини