ПОПЛАВЕНИ СЕ 500 ОБЈЕКТИ ВО ФОРИНО Куќите биле изградени на помалку од 1 метар од речното корито
Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во селото Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка е делот од селото што гравитира кон реката Вардар.
Според проценката, куќите во овој дел се изградени на помалку од еден метар од коритото на реката, чиј водостој е на критично ниво и на одредени места веќе е излеан. Поради зголемениот водостој се излеани и каналите што минуваат низ селото, што дополнително ја влошува состојбата на терен.
Од невремето се оштетени околу 500 објекти, од кои најголемиот дел се домови за живеење. Материјалната штета е значителна, а голем број семејства се соочуваат со сериозни последици од поплавите.
Дистрибуирана е флаширана вода, бидејќи водата во селото е заматена и небезбедна за пиење, како и вкупно 500 пакети од 250 пакети со прехранбени производи и 250 пакети со хигиенски производи.
Отворени се и телефонските линии за психосоцијална поддршка на погоденото население:
072-239-077
072-239-051