ФЕДЕРИКА БРИЊОНЕ СО ВТОРО ЗЛАТО ОД ЗОИ Победи и во велеслалом
Италијанската алпска скијачка Федерика Брињоне победи во денешниот велеслалом на Зимските олимписки игри 2026.
Триесет и петгодишната Брињоне ги заврши двете трки за 2 минути и 13,5 секунди. Ова е втор златен медал за Брињоне на Олимписките игри во Милано/Кортина, откако претходно беше најбрза во супер-велеслаломската трка.
Швеѓанката Сара Хектор и Норвежанката Теа Луиз Стјернесунд се најдоа на делба на втората позиција со време 2 минути и 14,12 секунди.
Македонката Јана Атанасовска не успеа да ја заврши првата трка.