🎥 ЕВАКУИРАНИ 180 ЛУЃЕ ВО КИЧЕВСКО Мајка со две деца заглавила во поплавена куќа во Беловиште

Според досегашните информации, нема животно загрозени лица, но превентивната евакуација продолжува. Врнежите и понатаму се интензивни, а состојбата внимателно се следи.

269

Во текот на ноќта се излеала Зајашка река на улицата Прилепска во Кичево, каде што се зафатени повеќе куќи. Поради тоа евакуирани се околу 180 лица, кои се згрижени во спортската сала „Христо Узунов“.

Регистрирано е и заезерување на улицата 29 Ноември во населбата Подварош, во Кичево, при што се поплавени подрумски простории во повеќе објекти. Поплавени се и објекти на кичевската болница.






Претпладнево била организирана достава на храна и вода за евакуираните со помош на тимовите на Црвениот крст. Од Скопје се упатени дополнителни тимови со ќебиња, душеци, кревети и друга неопходна помош.

Според досегашните информации, нема животно загрозени лица, но превентивната евакуација продолжува. Врнежите и понатаму се интензивни, а состојбата внимателно се следи.

Поплавени дворови во Скопскиот регион

Во текот на претпладневните часови, преку бројот 112 се примени повеќе пријави од граѓани. Пријавени се поплавени дворни места во село Идризово (Општина Гази Баба), поплавувања во село Буковиќ (Општина Сарај), поплавено дворно место и подрум во село Зелениково (Општина Зелениково), поплавено дворно место во населба Радишани (Општина Бутел).

Сите пријави се проследени до надлежните општини, извршен е увид на терен и се преземаат мерки за санирање на последиците.

Свлечиште во Тетовско

Преку бројот 112 е пријавено свлечиште на патниот правец Тетово – село Џермо, поради што патот е блокиран за сообраќај.

Од 07:45 часот на патот Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси поради врнежи од снег.

Во Гостивар и околните населби пријавени се поплавувања на куќи во село Беловиште, како и во населбите Циглана и Бањечница. Пријавен е и затрупан канал во село Балиндол, при што се поплавени неколку куќи.

Во една од поплавените куќи во Беловиште биле заглавени две деца со нивната мајка. За случајот веднаш биле известени Противпожарната единица Гостивар и полицијата во Гостивар.

Поплавите се резултат на излевање на Сушичка Река и затрупаните канали. Планирано е ангажирање механизација за расчистување на теренот.

 

Поврзани содржини