КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ ЗАБРАНА… Полицијата привела уште 10 возачи
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи затоа што управувале возило без возачка дозвола. Станува збор за двајца возачи во Тетово и по еден во Куманово, Битола, Свети Николе, Штип и во Кочани.
По еден возач во Велес и во Свети Николе управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Еден возач во Гевгелиско управвуал возило под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај – велат од МВР.