БУГАРИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ДОГОВОРОТ ЗА ТУНЕЛОТ Исполнети се сите услови за железничко поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Народното Собрание на Република Бугарија денеска го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, соопшти министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
„Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6 ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народа, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридорот 8, кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и на нашите стратешки партнери“, напиша Николоски на Фејсбук.
Тој додава дека паралелно се развива и Коридорот 10 и Македонија станува вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.