ДАНСКА ЌЕ ОБЕЗБЕДИ 4 АВИОНИ Ф-35 ЗА МИСИЈАТА АРКТИЧКА СТРАЖА Копенхаген очекува и САД да придонесат
НАТО пред два дена почна мисија за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за ублажување на тензиите во рамките на алијансата.
Данска ќе обезбеди четири авиони ловци Ф-35 за мисијата на НАТО, Арктичка стража, најави министерот за одбрана Тролес Лунд Поулсен.
– Нашиот придонес го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и во Северен Атлантик – наведе Поулсен.
Тој пред почетокот на Минхенската безбедносна конференција рече дека очекува и САД да придонесат во мисијата Арктичка стража.
НАТО пред два дена почна мисија за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за ублажување на тензиите во рамките на алијансата, предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп САД да ја преземат контролата врз Гренланд од Данска.