🎥 ВEЌЕ НЕ ЈА КРИЈАТ СВОЈАТА РОМАНСА? Kим Кардашијан и Луис Хамилтон се појавија заедно на Супербоул

Веќе некое време кружат гласини за врската на Ким Кардашијан и Луис Хамилтон, а читач на усни откри детали од нивниот меѓусебен разговор за време на Супербоул 2026, кој стана вирален.

700

Веќе некое време кружат гласини за наводната врска на Ким Кардашијан и Луис Хамилтон, а нивното заедничко појавување на Супербоул 2026-та дополнително ги разгоре гласините.
Риалити ѕвездата и британскиот возач од Формула 1 беа видени заедно на трибините, од каде што го гледаа натпреварот, а камерите забележаа низа моменти, кои брзо станаа вирални.

Нивниот разговор, кој, според Дејли Меил, го анализирал експерт за читање усни, привлече особено внимание.






– Не ја носам која било девојка кај мајка ми. Мислам, еден ден ќе ја запознаеш, многу се радува што ќе те види – наводно ѝ рекол Хамилтон на Ким, според експертот Никол Хиклинг, основач на LipReader.
Според неа, Ким реагирала малку несмасно, го покрила лицето и кратко одговорила „добро“, а видеото можете да го погледнете подолу.

@estilodf

Kim Kardashian y Lewis Hamilton juntos en el Super Bowl. 😍 CC: @nfl #kim #kimkardashian #kardashians #lewishamilton #superbowl

♬ original sound – Apple TV

Нивната интеракција ја анализирала и експертката за говор на телото Џуди Џејмс, која истакнала за Дејли Меил дека Ким ја користела таканаречената топло-ладно техника на флертување.

– Пред се, тука постои поза што покажува неподелено внимание меѓу нив, што е форма на невербален допир кога сте на состанок – објаснила Џејмс. Таа исто така додала дека Ким малку се навалувала наназад за да го гледа Луис додека зборувал.

– Ким всушност се наведнува за визуелно да го „впие“, а овој ласкав потег предизвикува видлива реакција од него – неговите црти на лицето омекнуваат и тој зборува со насмевка на задоволство.

– Ким дополнително го интензивира флертувањето кога врвот на нејзиниот јазик се појавува на страната од усните, што често се толкува како знак на разиграна желба или интерес. Потоа преминува на техника на силен интерес проследен со дистанца – по интензивен поглед, одеднаш го врти погледот настрана.

Според Џејмс, Ким во еден момент ја кренала раката за да ја допре косата и да го скрие лицето, класична тактика на топло-ладно што се користи за да се охрабри другата личност да возврати на знаците на интерес.

– Гестот со раката кон косата изгледа како еден вид дотерување, што сугерира дека Ким го гледа Луис како многу посакуван „улов“ со кој може гордо да се покаже на таков јавен настан – заклучила таа.

Ким се појавила на настанот во црна крзнена јакна, со косата собрана во гламурозна пунџа. Таа исто така носеи очила за сонце и впечатлива огрлица.

Иако ниту Кардашијан ниту Хамилтон официјално не ја потврдиле својата врска, нивното заедничко појавување на еден од најголемите спортски настани во годината дополнително ги поттикна шпекулациите што циркулираат веќе некое време.

Поврзани содржини