🎥 САМО 500 ПРЕКРШОЦИ НА ПРВИОТ ДЕН СО „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ На стартот на пробниот период беа 120.000

Министерот Тошковски оцени дека стартот на проектот е успешен, дека се одвива според планираните параметри и граѓаните, како што се очекуваше, во огромен број ги почитуваат сообраќајните правила.Забележани се околу 500 прекршоци, што е драстично помалку од 120.000 прекршоци регистрирани на првиот ден од пробното пуштање на системот пред два месеци. Тој им се заблагодари на граѓаните.

252

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во посета на компјутерскиот центар на „Безбеден град” во СВР Скопје каде од денеска и официјално стартуваше проектот „Безбеден град” за евиденција на прекршоците во сообраќајот.

Тошковски оцени дека стартот на проектот е успешен, дека се одвива според планираните параметри и граѓаните, како што се очекуваше, во огромен број ги почитуваат сообраќајните правила.






– Денеска сме први февруари, некаде околу 20 часот. Имаме значително намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба од пред два месеци кога започнавме со тест периодот. Имаме отприлика околу петстотини сообраќајни прекршоци коишто се констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам една огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во сообраќајот бидејќи Вие сте тие коишто овозможивте драстично да се намали бројката за два месеци, некаде од над 120.000 на 500 прекршоци. Вие сте тие којшто го намаливте бројот на повредени лица во сообраќајни незгодни некаде околу 35% на територија на СВР Скопје и Вие сте тие којшто го намаливте бројот на смртни случаи настанати во рамки на сообраќајни незгоди од 11 на 4 – налгласи министерот Тошковски при посетата.

Министерот за внатрешни работи уште еднаш посочи дека со имплементирањето на овој проект и неговото официјално пуштање во употреба, за неколку часа покажуваме дека сме можеле европските вредности да ги имплементираме во Македонија и сме можеле да покажеме еден поинаков пристап, за разлика од претходно.

Тој уште еднаш изрази уверување дека во иднина, со вакво однесување и со ваков начин на однос кон својата држава, ќе покажеме дека навистина ги имплементираме оние европски вредности коишто ги заслужуваат македонските граѓани.

Поврзани содржини