МИЦКОСКИ НАЈАВИ ДЕКА ВО ИДНИНА ЌЕ СЕ НАМАЛУВА ПРАГОТ НА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА БРЗИНА ВО „СЕЈФ СИТИ“ На стартот на проектот нема поплаки од граѓаните
Премиерот очекува со целосната примена на „Сејф сити“ драматично да се намали бројот на сообраќајни прекршоци и изречени казни.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на првиот ден од почетокот на казнувањето преку системот „Сејф сити“ нема евидентирани поплаки од граѓаните и дека е во постојана комуникација со министерот за внатрешни работи.
Тој рече дека Владата и Министерството за внатрешни работи одлучиле на стартот да го зголемат прагот на толеранција, со цел граѓаните постепено да се навикнат на новиот систем.
Тој рече дека европскиот стандард е под 10% толеранција за брзината, но е одлучено прагот кај нас да изнесува 15%.
-Како што ќе се навикнуваат возачите, така постепено ќе се враќаме во европските рамки. Но поентата не е да се казнуваат граѓаните, туку да нема сообраќајни незгоди и загубени човечки животи – рече Мицкоски.
Тој рече дека очекува со целосната примена на „Сејф сити“ драматично да се намали бројот на сообраќајни прекршоци и изречени казни.