РУСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОВИКУВА ДА СЕ КОРИСТИ ПОМОЌНО ОРУЖЈЕ ВО УКРАИНА Пратениците инсистираат на „оружје за одмазда“

Пратениците на Државната дума инсистираат на употреба на помоќно оружје, „оружје за одмазда“ и на постигнување на целите на специјалната воена операција, објави претседателот на долниот дом на парламентот, Вјачеслав Володин.

599

Пратениците во рускиот парламент повикаа Москва да користи помоќно оружје за да ги постигне своите цели во Украина, изјави денес претседателот на долниот дом на парламентот, Вјачеслав Володин.

– Пратениците на Државната дума инсистираат на употреба на помоќно оружје, „оружје за одмазда“ и на постигнување на целите на специјалната воена операција – објави Володин на Телеграм.






Британски Телеграф објави дека Кина ѝ помага на Русија да развие моќна хиперсонична ракета што може да достигне брзина поголема од 12.800 километри на час. Според весникот, за изработка на боевите глави се користат специјализирани машини и алатки во вредност од повеќе од 7 милијарди фунти.

Русија веќе двапати ја употреби хиперсоничната ракета Орешник, која може да носи нуклеарно оружје, во Украина. Првиот напад е регистриран во 2024 година, а вториот претходно овој месец, кога беше погодена цел во Лвов, украински град на само 65 километри од границата со Полска, членка на НАТО.

Володин не прецизираше на какво „ помоќно оружје“ повикуваат руските пратеници.

Поврзани содржини