ПОЧНУВА ПОВТОРЕНОТО СУДЕЊЕ НА РОДИТЕЛИТЕ НА МАСОВНИОТ УБИЕЦ КОСТА КЕЦМАНОВИЌ Обвинителството ќе инсистира на построги казни
Владимир Кецмановиќ со првостепената пресуда за кривичните дела Запоставување и злоставување на малолетно лице и Тешко дело против општата сигурност беше осуден на затворска казна од 14 и пол години, додека неговата сопруга Милјана Кецмановиќ за кривичното дело Запоставување и злоставување на малолетно лице беше осудена на затворска казна од 3 години.
Во Вишиот суд во Белград, утре, 29 јануари, треба да почне повтореното судење на Владимир и Милјана Кецмановиќ, родители на момчето Коста Кецмановиќ, кое на 3 мај 2023 година во Основното училиште „Владислав Рибникар“ со огнено оружје уби 9 деца и училишниот чувар, а рани уште 5 деца и наставничка по историја.
Се очекува мајката Милјана Кецмановиќ на судењето да дојде од слобода, додека нејзиниот сопруг Владимир Кецманови ќе биде доведен од притворот, каде се наоѓа од апсењето на 3 мај 2023 година.
Првото судење беше затворено за јавноста, но медиумите пренесоа дека Кецмановиќ ги негирале обвинувањата.
Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, во декември, кога беше закажан почетокот на судењето, изјави дека од повторената постапка очекува таа да биде максимално ефикасна и да се спроведе без одолговлекување.
– Исто така, Вишото јавно обвинителство во Белград очекува Вишиот суд повторно да донесе осудителна пресуда и обвинетите, во согласност со собраните докази и степенот на нивната вина, да ги осуди на максимални затворски казни, како што обвинителството предлага од самиот почеток на постапката и на што ќе инсистира до крај – изјави тогаш Стефановиќ.
Судењето се повторува бидејќи Апелациониот суд во Белград ја укина првостепената пресуда со која двојката Кецмановиќ беа осудени на повеќегодишни затворски казни и наложи повторување на судската постапка.