НАЈГОЛЕМА ЗАПЛЕНА НА ХЕРОИН ВО ГЕРМАНИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ Пратка вредна 32 милиони патувала од Сингапур
Според царинските службеници, ова е една од најголемите поединечни заплени на хероин во Германија во последните години. Дрогата била спакувана во 400 поединечни пакети, а нејзината улична вредност се проценува на околу 32 милиони евра (38 милиони долари).
Германските царински службеници открија 400 килограми хероин за време на инспекција на контејнер во пристаништето во Хамбург.
Дрогата била скриена во ролни хартија наменети за печатарската индустрија, соопштија денеска властите.
Контејнерот, кој пристигнал од Сингапур, претходно бил проверен на рендген-уред на 5 декември. Поради истрагата, извештајот е објавен дури денеска, пренесе ДПА.
Според царинските службеници, ова е една од најголемите поединечни заплени на хероин во Германија во последните години. Дрогата била спакувана во 400 поединечни пакети, а нејзината улична вредност се проценува на околу 32 милиони евра (38 милиони долари).
За споредба, Сојузната криминалистичка полиција наведува дека во текот на целата 2024 година, на национално ниво биле запленети вкупно околу 144 килограми хероин.
По интензивни истраги, царинските истражители на 21 јануари извршија претрес во неколку станбени и деловни објекти во Бремен, Бремерхафен и Остерхолц-Шармбек. Притоа беа запленети електронски докази кои во моментов се анализираат. Истрагите се спроведуваат по налог на јавното обвинителство во Бремен.
– Досегашниот успех на истрагата е значаен удар против организираниот криминал и импресивно ја демонстрира успешната работа на германската царина во борбата против прекуграничниот криминал, изјави Тино Игелман, шеф на Царинската криминалистичка истражна канцеларија во Келн.