ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ЗАТВОРА УЛИЦИ ВО СКОПЈЕ Посебен сообраќаен режим од 17 часот поради синдикален протест

Денеска од 17 часот Скопје ќе има посебен сообраќаен режим поради протест во организација на ССМ. Полицијата најавува затворање и пренасочување на улици низ центарот на градот.

1,533

Скопје денеска ќе функционира со посебен режим на сообраќај поради најавениот протест во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), кој ќе започне во 17 часот.

Протестниот марш ќе тргне пред зградата на ССМ на улицата Мирче Ацев, по што учесниците ќе се движат низ централното градско подрачје – по улиците Филип Втори Македонски, 11 Октомври, Димитрие Чуповски, Васил Главинов, како и по булеварите ВМРО и Илинден, со крајна дестинација пред зградата на Владата.






Поради движењето на колоната, полицијата ќе воведе привремени сообраќајни ограничувања и пренасочувања на возилата по дел од овие улици, во зависност од динамиката на протестот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициските екипи ќе бидат на терен за да го регулираат сообраќајот и апелираат до граѓаните да ги почитуваат нивните насоки и наредби.

На возачите им се препорачува навреме да ги испланираат своите обврски и, доколку е можно, да користат алтернативни правци за движење.

Поврзани содржини