ЗАПАЛЕНИ ДВА АВТОМОБИЛИ ВО СКОПЈЕ Истиот бренд, различни локации, случајност или нешто повеќе?

Пожарите се случиле во интервал од час и половина, полицијата ги истражува причините.

601

Две патнички возила од марката „ауди“ изгореа во текот на ноќта во одделни инциденти на различни локации во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Првиот пожар бил пријавен околу 02:00 часот по полноќ, на паркинг на улицата Христо Татарчев, каде било опожарено „ауди“ со скопски регистарски таблички, сопственост на 20-годишен скопјанец. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.






Само час и половина подоцна, околу 03:30 часот, бил пријавен уште еден пожар, овојпат на паркинг на улицата Лазар Димитров. Таму изгорело патничко возило „aуди А4“, исто така со скопски регистарски ознаки, сопственост на 61-годишна жена од Скопје. И во овој случај интервенирала противпожарната служба, а нема информации за повредени.

Во двата инцидента увид извршила екипа од СВР Скопје, а полицијата ги испитува околностите под кои избувнале пожарите.

Поврзани содржини