17 „СТРАЈКЕРИ“ КУПЕНИ ЗА АРМ СЕ ПРИСТИГНАТИ ВО СОЛУН Годинава вкупно 42 вакви оклопни возила ќе ѝ бидат испорачани на Македонија

Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека ресорната собраниска комисија треба да усвои амандман 2, технички амандман кој ќе овозможи да биде инсталирана и примена целата опрема.

336

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ја разгледа информацијата за потребата на доделување на амандаманот број 2 на договорот за техничка поддршка (Amendment 2 to TA 0206-23 050774402). Амандманот се однесува на договорот за набавка на 42 лесни оклопни возила на тркала STRYKER MK‑B‑UCE, склучен помеѓу владите на Република Северна Македонија и на Соединетите Американски Држави.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски при образложувањето на информацијата истакна дека се работи за технички амандман. Потенцира дека веќе 17 возила се на пристаништето во Грција и треба технички аранжман за да се помине по барање на САД како амандман за инсталација на целата опрема што стига.






– Се работи за технички аранжман, односно ова е технички амандман бидејќи знаете дека е потпишан договор за 42 борбени возила од типот „Страјкер“ со САД. Оваа година сите стигаат. Веќе 17 се на пристаништето во Грција и треба технички аранжман за да се помине по барање на САД како амандман за инсталација на целата опрема што стига итн. Како краен корисник е Министерството за одбрана и треба да се направи целосна обука. Ова е технички (амандман), како што бараат САД, да се направи аранжман за сите потоа да ги примиме и целосно да останат на Армијата. Нема ништо дополнително. Договорот е во ред. Оваа година сите ќе пристигнат – рече Мисајловски.

Поврзани содржини