🎥 КОКО ГОФ ГО СКРШИ РЕКЕТОТ ПО ПОРАЗОТ ОД СВИТОЛИНА Украинката за само 59 минути ја совлада третата светска тенисерка
Украинската тенисерка Елина Свитолина ја победи Коко Гоф со 6:1, 6:2, за само 59 минути игра во четвртфиналето на Австралија опен.
Свитолина за првпат се пласираше во полуфинале на Австралија Опен во својата кариера.
Фаворитката Гоф направи многу неизнудени грешки. Таа во моментов е трета тенисерка во светот.
По поразот Гоф беше снимена во гардеробата како го крши рекетот.
Ова е десетта победа по ред на Свитолина во 2026 година, а од почетокот на сезоната изгуби само еден сет.
Свитолина во полуфиналето ќе се соочи со Арина Сабаленка и тоа се очекува да биде најголем тест за Белорусинката.