НЕ МУ СЕ ПОЈАВУВААТ НА СЕДНИЦИ НА ФИЛИПЧЕ, КОЛКУ Е ДЛАБОК КОНФЛИКТОТ? На седница за евроинтеграции ги немаше пратениците од СДСМ
Кога дури ни сопствените пратеници не му се појавуваат на седница што ја води Венко Филипче, прашањето веќе не е дали во СДСМ има внатрешен конфликт, туку колку е длабок, пишува пратеникт Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил.
Денеска, на Националниот совет за евроинтеграции, каде се презентираа приоритетите на Кипарското претседателство со Советот на ЕУ, од СДСМ немаше ниту еден присутен пратеник, тврди Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога дури ни сопствените пратеници не му се појавуваат на седница што ја води Венко Филипче, прашањето веќе не е дали во СДСМ има внатрешен конфликт, туку колку е длабок“, пишува Петрушевски на својот Фејсбук профил.
Пратеникот прашува и дали со бојкотот на лидерот Филипче пратениците на СДСМ испраќаат порака до јавноста и до европските партнери.
„Очигледно, последниот Конгрес на СДСМ предизвика поголеми поделби, наместо обединување, како што вели Филипче“, коментира Петрушевски.