ОНЛАЈНМЕДИА ОСТРО ЈА ОСУДУВА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СДСМ Партијата мора да се надмине, а не да се пресметува со цели редакции
СДСМ мора да се надмине и да разбере дека критиката до нив како политички субјект, а упатен од медиумите и новинарите е сосем легитимно нешто и всушност треба да ја разберат позитивно, како забелешка за нивната работа и дејствување како политичка партија, соопшти здружението Онлајнмедиа велејќи дека кај партијата се нотира загрижувачки континуитет на јавна политичка пресметка со цели новинарски редакции.
Здружението Онлајнмедиа.мк најостро ја осудува денешната прес-конференција на СДСМ, на која се напаѓаат и клеветат одредени медиуми, од кои дел се членови на здружението Онлајнмедиa.
Ниту една политичка партија во Македонија не смее јавно политички да се пресметува и не смее јавно да дискредитира, ниту еден медиум, ниту пак новинар, соопшти здружението.
„Кај СДСМ се нотира загрижувачки континуитет на јавна политичка пресметка, јавно дискредитирање, јавно етикетирање и јавно навредување на медиуми, на цели новнарски редакции, и на повеќе новинари.
СДСМ мора да се надмине и да разбере дека критиката до нив како политички субјект, а упатен од медиумите и новинарите е сосем легитимно нешто и всушност треба да ја разберат позитивно, како забелешка за нивната работа и дејствување како политичка партија.
Со своите досегашни јавни напади врз медиуми и новинари СДСМ всушност покажува дека засега нема доволен капацитет за демократско политичко дејствување“.