МОМЧЕ ЗАГИНА ОД СТРУЕН УДАР САКАЈЌИ ДА ГО ЗЕМЕ ВЕЈПОТ ШТО МУ ПАДНАЛ ВРЗ ШИНИ Кога ги допрел шините било погубно
Mомче починало од струен удар на станица од метрото во Берлин откако се обидело да ја земе својата електронска цигара која му паднала на шините, објави ДПА.
Берлинската полиција соопшти дека 17-годишникот бил дел од група на станицата „Дојче опера“ (Германска опера) и се обидел да ја земе својата електронска цигара (вејп) падната на шините под воз кој стоел.
Во обидот, тој ги допрел шините, по што добил струен удар и починал на самото место.
Портпаролот на германската полиција изјави дека возовите не се секогаш на шините, бидејќи понекогаш се привремено паркирани на станиците на метрото. Сепак, шините можат да останат под напон, што претставува ризик од струен удар доколку се допрат.