На 23.01.2026 во 08:50 часот во ОВР Виница, 86-годишна жена од Виница пријави дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра.
Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Словенија и ѝ кажало дека нејзината ќерка, која била на привремена работа во Словенија, се здобила со тешки телесни повреди и за да ја оперираат била потребна одредена сума на пари.
Според пријавеното, таа ги подигнала парите од банка и како што ѝ било кажано, во дворот од семејната куќа, парите ги дала на лице, кое било пратено да ги земе. Откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена.