ФИЛИПЧЕ НЕ СЕ ОГРАДИ ОД КРИМИНАЛОТ НА КЛАНОТ ДУБАИ Од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека говорот му бил празен и неотчетен

365

Не го слушнавме Венко Филипче да се огради од своите и од криминалите на СДСМ во обраќањето на Конгресот што се одржува денеска во Скопје, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче во празниот говор за отчет пред Конгресот не објасни: Зошто е петта партија во Скопје и трета во Македонија? Не се огради ниту кажа лош збор за неговиот ментор Зоран Заев. Не се огради и го штитеше криминалот на кланот Дубаи чиј што составен дел е самиот тој. Не објасни зошто СДС сервираше услуги кон Бугарија и кон Грција, го наметна францускиот предлог, склучи штетен договор со Бугарија. Не објасни зошто ги напаѓаат САД, се во политичка војна со Обединетото Кралство“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму прашуваат и зошто Филипче останал осамен со неуспешниот дипломат Андреј Жерновски кој јавно говорел во полза на бугарскиот наратив за Македонија.

„Зошто денес СДС не претставува никаква алтернатива. Зошто не му смета што СДС стана помал чирак на ДУИ во криминалот. Не се огради од Артан Груби и неговиот криминал во Лотарија. Филипче самиот исто така не изостанува од криминалниот синџир на тендери, не кажа од каде му е службеното луксузно ‘ауди’ и каква е неговата врска со Енис Колашинац кој ЕСМ го снабдуваше со јаглен за време на власт на СДС. Филипче не се огради ниту од нивниот бегалец Васко Ковачевски кој ја испокраде државата и го оштети македонскиот Буџет за 6,5 милиони евра за што е познатиот случај ‘Адитив’. Не се огради од антидржавното однесување на Зоран Верушевски“, се додава во реакијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму заклучуваат дека за ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче. Проблемот е што тој е штетен за Македонија и за нејзините интереси, додава ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини