МАГЛА МЕЃУ ТЕТОВО И СКОПЈЕ, НА ПОПОВА ШАПКА, БУКОВО, ЃАВАТО… Се препорачува внимателно возење

Сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

55

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје, од 30 до 40 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка и до 50 метри на планинските превои Буково и Ѓавато, соопшти ЈП Македонијапат.

Сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.






ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Поврзани содржини