КОАЛИЦИЈАТА СДСМ-ДУИ ПРОРАБОТЕ И ВО ОПОЗИЦИЈА Гласаа против „Безбеден град“ и против интересот на граѓаните

Тие направија брак и застанаа против животите и безбедноста на граѓаните - обвини пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

718

Коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ се покажа на дело и во опозиција – тие направија брак и застанаа против животите и безбедноста на граѓаните, со тоа што денеска заедно во Собранието гласаа против проектот „Безбеден град“ – обвини Никола Мицевски, пратеник и координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тие гласаа против измените на Законот за прекршоци кој овозможува функционирање на овој проект, за почеток во Скопје, Куманово и Тетово, а опрема е поставена и по Коридорот 8 и 10.






Тие се против намалување на сообраќајни несреќи, повреди и смртни случаи во сообраќајот.

На први октомври кога започна пробниот период, камерите во Скопје регистрирале 110.000 прекршоци од кои 90 проценти за брзо возење. Само за еден ден од функционирање на системот или на втори декември, бројката се намали двојно на околу 50 илјади прекршоци.

Потоа, во првите осум месеци од 2025 година, во сообраќајни несреќи во земјава загинале 91 лице или по 11,3 луѓе месечно. Во 2024, бројот на жртви на патиштата бил 142 лица или по 11,8 изгубени животи месечно. Сега бројката на смртни случаи е намалена од 11 на 2 смртни случаи во декември 2025 и јануари 2026.

СДСМ и ДУИ уште еднаш покажаа на дело дека не знаат да застанат зад политика во корист на граѓаните, конкретно сега, за безбедноста на граѓаните. Со овој потег, овие две партии, и покрај казната од граѓаните на изминатите избори, покажаа дека не знаат да се надминат себе сѝ и да работат во корист на граѓаните – рече Мицевски.

Поврзани содржини